Светски познатиот сајт Celebrity Net Worth објави наводни проценки за тоа колку пари имаат српските славни личности.




Една од оние со најмногу според нивното мислење е пејачката Драгана Мирковиќ. Судејќи според информациите од оваа страница, таа тежи 100 милиони долари, пишува „ Курир “.




По неа следи Светлана Цеца Ражнатовиќ, чие богатство се проценува на 80 милиони долари.
Богатството на пејачката Јелена Карлеуша се проценува на 40 милиони долари, а за Лепа Брена се тврди дека има 25 милиони долари. Кога се пребарува името на Фахрета Живојиновиќ, износот е 16 милиони долари.




Според податоците на оваа страница, богатството на пејачот Здравко Чолиќ изнесува 20 милиони долари.
Пејачот Дино Мерлин, нема причина да се грижи, бидејќи неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.
