Во периодот кога владеат вирусите, важно е дополнително да се зајакнува имунитетот. Едноличната исхрана најмногу ја слабее способноста организмот да се избори со болестите, затоа е многу важно редовно да јадеме овошје и зеленчук, посебно она што е богато со витамин Ц.

Меѓутоа во овој период многу е важно да се јаде и храна богата со цинк. Цинкот е најзастапен во црвеното месо, рибата и морските плодови, јаткастите плодови, семките од тиква и сончоглед и јајцата. Цинкот е многу важен минерал, кој што учествува во многу процеси во организмот. Тоа му помага на организмот да функционира правилно и лесно да се бори против болести.

Овој рецепт кој што претставува вистинка “витаминска бомба” ќе ви помогне да го зајакнете здравјето и расположението.

Потребно ви е : 100г суво грозје, 150г ореви, 100г бадеми, сок и кора од 2 органски лимони, 100г суви кајсии, 100г суви сливи , 250 – 300г мед.

Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, сето тоа промешајте го и ставете ги мелените суви сливи и кајсии. Потоа додајте го медот и сето тоа убаво промешајте го.

Ставете ја смесата во чиста тегла, оставете да отстои на темно место ден, два, па потоа чувајте го во фрижидер. За деца постари од 3 години, се препорачува една лажичка два пати дневно, а за возрасните 1-2 лажици три пати дневно.