На својот ФБ профил се огласи Министерот за внатрешни работи Тошковски.

Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат, пишува техничкиот Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи најавувајќи дека пасош по брза постапка веќе се вади за 1 ден.

Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден – пишува Тошковски.