Синиша бил во брак со својата сопруга Ана Марија цели десет години. Тој неизмерно ја сакал и сеуште ја сака и покрај она што таа му го направила на Божиќ
Ана Марија го оставила Синиша за својот помлад љубовник, а не била премногу вознемирена ниту од солзите на нејзините деца – седумгодишната и петгодишната ќерка и двегодишниот син.




Ова е неговата исповед:
“Јас и децата бевме многу весели тоа божиќно утро. Тие трчаа да ги отворат подароците под елката, а јас трчав по нив, внимавајќи да не паднат по скалите. Во дневната соба нè дочека мојата сопруга. Таа седеше на каучот во капут, а покрај неа се наоѓаа два куфери. Збунето стоевме и ја гледавме.
Најстарата ќерка ја праша: “Мамо, каде одиме? Уште не сме ги отвориле подароците”. Мојата сопруга ништо не одговори туку стана од каучот и ме повика во кујната. Ми кажа дека повеќе не може да живее на овој начин, дека отсекогаш знаела дека не е мајчински тип и дека си заминува. Кога ја прашав каде ќе живее, таа ми одговори дека одлучила да замине кај својот љубовник кој е речиси шест години помлад од неа и со кој се гледа веќе една година.




Останав без зборови. Таа се сврти, си ги зема работите и замина. Децата почнаа да плачат иако не им беше сосема јасно што се случува. Ја почувствуваа таа ужасна атмосфера во воздухот. Најмладиот син ја прегрна околу ногата, а таа само ладно го оттурна и излезе.
Децата долго плачеа по нејзиното заминување. Ми поставуваа мноштво прашања, а јас до ден-денес не се сеќавам што им одговарав. Се чувствував како сè околу мене да исчезнува –до мене допираа само детски гласови и плач, но јас не бев таму.




Со часови седев на подот, а децата седеа околу мене во тишина. Владееше неопислива тага. Однадвор одекнуваа веселите божиќни песни и смеата на соседите, а нам тој Божиќ нѝ беше најлошиот ден во животот.
По неколку дена почнавме да си доаѓаме при себе. Нејзината мајка дозна што се случило и веднаш дојде. Таа ми помагаше околу децата и постојано зборуваше како нејзината ќерка е “безчувствителна к*чка”. Подароците останаа под елката со денови – дури ни децата немаа волја да ги отворат.
Оттогаш поминаа речиси две години. Децата го прифатија фактот дека нивната мајка ја гледаат ретко и дека не можат да се потпрат на нејзините ветувања. Но, тие повторно научија да се радуваат на празниците. Минатата година за Божиќ отпатувавме во Австрија кај моите роднини, а оваа година одлучивме да останеме дома. Сепак, секое приближување на овој празник во мене создава чувство на непријатност и немир.




Ана Марија го напуштила својот љубовник. Како што дознав, тој пронашол друга жена. Таа проба да ми се врати, но ја запрев уште од старт. Не ме интересираа нејзините извинувања и изговори – таа може да ги гледа децата, сепак им е мајка, но ќе остане само на тоа”, изјавил Синиша.
