Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе изнесува 20, а дневната температура ќе достигне до 38 степени Целзиусови.
Од утре дневните температури во земјава ќе опаднат за неколку степени.
Вклучен метео аларм
Поради високите температури е во сила портокалов метео аларм.
Портокаловиот метео аларм значи дека времето е опасно: Се предвидуваат опасни временски појави и се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови. Следете ги советите од надлежните државни служби.
Времето за следните денови
Во вторник во сите области се очекува освежување со врнежи од дожд и врнежи. Ветерот најпрвин источен и југоисточен, а потоа северозападен, во зоната на врнежи за кратко време ќе се засилува. Крвниот притисок под нормалата. Минималната утринска температура од 16°C до 20°C, максималната од 25°C на северозапад до 31°C на југ, но и таму во натамошен пад.
Во вечерните часови можни се врнежи од дожд и локални врнежи. Температура во 22 часот од 17°C до 22°C.
Во среда и четврток посвежо со врнежи од дожд и повремени врнежи. Во петок и за викенд сончеви периоди и постепено потопло.
