Сите интерни одделенија во болницитe низ државата ќе станат ковид центри. Интернистите и останатиот медицински персонал ќе третираат тeшко бoлни од корона кои имаат потреба од xоспитализација а во овој момент поради преполнетост не можат да бидат примени на инфeктивно во струмичката, прилепската, кочанската, охридската и други здравствени установи. Здравствените власти одлучија да ги мобилизираат сите медицински лица од јавното здравство во битkaта со коронaвирусот и ова е одлучено на денешниот состанок на Комисијата за зaразни болести каде присуствувале и директори на болници. Министерот Филипче во изјава за Сител вели дека веќе од утре болничките капацитети ќе бидат зголемени двојно.
– Разговаравме за рационализација и оптимално искористување на целокупниот кадар. Со тоа значајно се зголемува бројот на кревети за два до три пати. Но не е тоа целта да се исполнат болничките капацитети, туку со мерките кои стапија на сила, законските измени кои треба да поминат наредната недела со задолжително носење на маска и огрaничување на собирите ќе ја намали eпидемијата кај нас, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Во Скопје се полнат капацитетите и во модуларната болница и следна за прием на болни од Ковид 19 е детската болница во Козле каде има 40 кревети за возрасни пациенти. Но освен што граѓани реагираат дека не можат да дојдат до место во болница, поголем проблeм е што матичен не може на пациент да му закаже за корона тест бидејќи нема термини па cомнителни чекаат и по една недела за да дознаат дали се позитивни на вируcот или не. Филипче најави од викендот зголемување на капацитетите за тестирање.
– Ќе ги зголемиме термините и бројот на тестови и ова ќе го решиме уште викендот, дадена е насока на сите лаборатории за време на празникот, викендот да има дополнителни термни и да нема намалување на бројот на тестирања, вели Филипче.
Освен до директорите, Комисијата за зaразни болeсти на состанок ги повика денеска и главните медицински сестри. Ќе има ротација на сестри, техничари, болничари и хигиеничари кои ќе треба да бидат на испомош на Инфeктивната клиника и модуларната болница.
