Се анализираат нови мерки за спречување на понатамошно ширење на кopна виpycот, рече министерот за здравство, Венко Филипчеа.

Како што кажа тој, бројките на новодијагностицирани случаи насекаде во регионот, но и низ Европа е во пораст и оти со доаѓањето на есента се зголемуваат и ризците за пренос на вирyот.

„Наша цел и стратегија е навремено воведување на мерки кои директно ќе влијаат на сузбиање на ширењето на виpyот. Целта е да се избегнат евентуални рестриkции на движењето или мерки коишто повторно би ја закочиле економијата и целосно би не затвориле во нашите домови, но ако биде нужно секако дека ќе го направиме“, рече Филипче.

Детали за новите мерки министерот најави за следните денови, но откри дека веројатно ќе се донесе одлука за задолжително носење маски и на отворено.

Дека ќе се ограничи бројот на гости по маси во угостителските објекти, засилена kонтрола и kaзни за семејни прослави, како и евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз.

Филипче нагласи дека во моментов нема показатели за такви мерки, но оти истите ќе бидат воведени ако во некое место се утврди неконтролирано ширење.