После Стража има 100 знамиња и нема ниту едно македонско. Едно знаме албанско да им пипнеме ќе падне Владата. Да ти стават албанско знаме на понисок јарбол од македонското, тоа нема да го видиме.
Државното знаме треба да биде повисоко од знамињата на заедниците. Тоа значи дека треба македонците треба да си го дигнеме на јарболи бидејќи е знаме на сите македонци, ако албанците имаат знаме на својата националност. Имаме државно знаме и имаме знаме 16 крако сонце, вели Филип Петровски во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
16 кракото сонце не може да биде земено како национален бидејќи оспорен. Јас се што барам е македонското знаме да се вее таму каде што треба и е потребно, вели неговиот соговорник Павле Богоевски.
Се знае што е државно знаме, а што е знаме на етникум. Овде кај нас тоа не се спроведува. Нема ниту да се спроведе. Пет години од сега, кога сакате, нема да се спроведе, освен да е силна државата. А ние не сме силни. Тоа го знаат оние кои ги дигаат овие албански знамиња кои никој не смее да ги пипне, додава Петровски.
