Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар револтирано коментира на фејсбук по објавата на министерката за образование и наука Мила Царовска дека најмодерна пракса е спојувањето на предметот историја во општествни науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни.
А бе каков фински модел на образование, голи Финци по дома да ти шетаат…. Или појше си по голи Финкињи? Мислиш на дрво сме растеле па не разбираме што ви е целта со маргинализирање на предметот историја, мивко една.
Лажеш штом зинеш. Фински модел следеле? Копита предавнички, треба да знаете Финците се националисти и патриоти, за разлика од вас. Оди нив некој да им чепне во историјата. Со Аргентинците уште се препукуваат чие е тангото, пишува Тасевски на фејсбук.

