Екс директорот на АЕК, Роберт Орданоски и неговата сега веќе поранешна сопруга Агнеса Ордановска, сега Органџиева, се во центарот на вниманието на домашната јавност.
Сето тоа веројатно се должи на начинот на кој тие меѓу себе комуницираат преку медиумите, праќајки си пораки, на кои многумина фаќаат и сеир.




Но, ако се погледне подлабоко во минатото, може да се забележат многу други, не толку познати факти за поранешниот брачен пар. Сето тоа го најави и новинарката Мирослава Бурнс, која на својот профил сподели интересна фотогорафија и напиша:
-Знам те пушко кад си пиштољ била…
У времето на директорувањето на АЕК кога една новогодишна забава кошташе 25 илјади евра.




Кога двајца без тројца пишувавме за овој разврат платен со наши пари. Кога организираше забава со Стар трек тематика со xостеси, чоколадни фонтани и коктели во епрувети а сметките за репрезентација вриштеа.
Bи ја памтиме и скромноста и домаќинлукот. И менаџерството, – напиша Бурнс.




Наградно прашање: Која е девојката што со маска на лицето танцува пред директорот? Фотографијата е направена во 2012-та година.
