Кортни Роџерс (37) е во слатко исчекување на своето 12-то дете. Таа е бремена секоја година од 2008 година, кога се омажи за пасторот Крис.




Овој пар од Санта Фе веќе има 11 деца: Клинт (11), Клеј (10), Кејд (9), Кали (7), Каша (7), Колт (6), Кејс (6), Кален (4), Кејди (3), Корали (2) и Карис (1).
Во март пристигнува дванаесеттото бебе, а семејството веќе штеди, па користат платнени пелени и не купуваат готови грицки, туку за ужина јадат овошје што го одгледуваат во сопствената градина.




Кортни била девица кога се омажила и не користи контрацепција бидејќи, како што вели, не знае како.
Луѓето понекогаш ни судат. Тие не сакаат големи семејства и мислат дека не можеме да се грижиме за толку многу деца. Не ми е гајле бидејќи тие се странци кои воопшто не не познаваат – вели тој за The Sun.




Сите деца се школуваат дома. Кортни е домаќинка која се грижи за фармата. Таа вели дека отсекогаш сонувала да биде мајка.
Сакав деца, но немав конкретен број. Мажот предложи 10, мајка му имаше толку. После 10 се уште се чувствував младa и имам чувство дека семејство со шест момчиња и шест девојчиња е совршено – додава тaa.




За жал, Кортни во овие 13 години доживеа и три спонтани абортуси.
Обично појадуваме околу 8 часот наутро, а потоа ги школувам децата до 11 или 11:30 часот. Потоа чистиме и ручаме. Бебињата потоа одат на спиење, а постарите деца треба да бидат тивки. Потоа сè уште учиме, работиме задолженија на фармата, чистиме и вечераме. Децата обично ги гледаат цртаните и потоа ги подготвуваме за спиење. Тие се во кревет до 20 или 20.30 часот – го опишала својот ден.




Таа е задоволна од животот, истакнува таа. Тој троши помеѓу 400 и 500 evra неделно на храна.
