На Фејсбук се појави видео на кое се гледа како жителите на градот Сендаи во Јапонија играат оро со песната „Ајде Јано“.

Корисникот на оваа социјална мрежа кој го објави видеото напиша:

– Колку е убаво кога некој ја почитува твојата традиција и во градот Сендаи, на 400 километри од Токио, ги учи игрите и песните на твојата татковина. Прекрасно, за сите пофалби, горд. Фолклорот нема граници.

На видеото се гледа Јапонци облечени во народна носија, а во позадина се слуша песната „Ајде Јано“.

Не знаеме како дошло до ова, претпоставуваме дека имаат пријател кој доаѓа од нашиве простори, но во секој случај убаво е да се види вакво нешто.

Погледнете го видеото и уживајте: