Измамата излезе на виделина кога соседите ги идентификувале младенците.




Бизарна сцена се случила во саботата во едно село во Индија кога маж се оженил со сопствената сестра за да добие државна помош.




Групната венчавка се одржа во сојузната држава Утар Прадеш, во организација на Одделот за социјална заштита.
Шемата вклучува исплата на готовина што е на сметката на невестата по венчавката, а младенците добиваат и подароци за домаќинството. Вкупната вредност на поволностите е 35.000 рупии (околу 24.000 дeнари).




Измамата излезе на виделина кога соседите ги идентификувале младенците како брат и сестра.




Во просториите на Канцеларијата за развој се организираше масовна венчавка, се венчаа уште 51 пар.
Претставникот на локалната власт Нареш Кумар рече дека ќе бидат преземени мерки против сите инволвирани луѓе.




Полицијата напишала пријава против братот чија лична карта била испратена на проверка. Ова не е прв пат во Индија пар на масовна венчавка да се обиде да се „венча“ за државни пари.




Имено, пред три години 12 парови кои веќе биле во брак повторно се венчале за да добијат стимулација.
