Популарниот учесник во реалните шоуа „Фарма“ и „Парови“, Екрем Јевриќ зад себе остави четири сина и сопругата Игбала.

Јевриќ во текот на животот живеел во „Њујорк Сити“, ја насмеал публиката со акробации и песни како „Kuća pos’o, pos’o kuća“, а често нагласувал колку е горд на своите синови.

Еден од нив е Вердин Јевриќ кој живее во Њујорк. Според локалните медиуми, тој работи во фирма како обезбедување. Вердин го привлекува вниманието на многу девојки, а најголем дел од неговите фотографии се од теретана, каде напорно работи на мускулите.

Да потсетиме, таткото на Вердин, Екрем Јевриќ, учествуваше во српските реалити програми „Фарма“ и „Парови“. За време на „Фарма“ тој беше интимен со фолкерката Весна Вукелиќ Венди, на што неговата сопруга Игбала силно и замери дома. Тој ги освои срцата на публиката со својата искреност и добронамерност.