Најстариот жив занаетчија од Рудник, чевларот Иван Милетиќ денеска ги живее своите пензионерски денови откако целиот свој работен век го поминал правејќи чевли и други обувки.




Тој и денес со истата скромна насмевка и шарм ги пречекува своите стари клиенти, пријателите и познаниците, пренесува Рина.
Кој би помислил дека овој благороден и тивок човек кој има мало катче кај Рудник бил еден од најпознатите личности и занаетчии во неговото време. Освен фактот дека правел чевли за најголемиот актер на овие простори Љубиша Самарџиќ, овој скромен човек изработувал чевли и за првата дама на Југославија, Јованка Броз.




Тој почнал да работи како чевлар во далечната 1954 година. И покрај современите технологии и трендови низ годините, Иван успеал да ја заддржи неговата занаетчиска оригиналност и да биде инспирација на многу чевлари.
Иван открива дека работел насекаде, но како што вели, надобро се снаоѓа во своето катче.
-Мојата прва занаетичка продавница ја основав во Белград на улицата Востаничка. Се правев сам – работев насекаде и со секого за да го усовршам својот занает. Но мирот ми е во Рудник. Мојата база е тука, вели тој.




Иван и открива дека неговиот татко бил чевлар во Втората Светска Војна па и оттаму разбирлива е и неговата љубов кон овој занает.
Кога ќе се погледне цел работен век на овој скромен човек, сосема фер е да се каже дека овој човек има со што да се гордее, но и пофали.




-Порано се работеше со класични методи, се користеа алатки од 50тите и 60тите години. Но, тоа е веќе надминато. Но и покрај модерните алатки, јас сепак ги сакам оние старите варијанти, признава тој.
На прашањето кои муштерии најчесто му доаѓале тој вели дека тоа биле жителите на Белград.
-Навистина сум навикнат на нив, а очигледно и тие на мене, вели Иван.




Доколку сакате да купите чевли од него, тоа ќе чини многу пари бидејќи како што објаснува потребно е многу материјал за да се изработат квалитетни чевли.
-Тоа би било некоја оптимална цена од околу 250 евра. Се помалку од тоа е невозможно. Јас дури и имам свој модел на чевли кои никој не може да ги плати, додава Иван.




Неговата специфичност, како што вели, му се женските чевли иако низ годините изработувал и машки обувки, офицерски чизми и други обувки. Во прекрасниот, скромен простор каде што живее и работи еднаш ако влезете нема да можете лесно да си заминете.




Целиот амбиент ја открива вистинската уметничка душа на овој креативен пензионер, кој низ својот работен век работел за луѓе како Љубиша Самарџиќ но и за првата дама на Југославија Јованка Броз.
