Една корисничка на Тик Ток останала во шок кога на Google Earth ја видела својата покојна баба. Баба и починала во 2019 година, но возилото на Google, кое поминувало низ крајот пред нејзината смрт, го фатило моментот додека таа ужива во градината.




Баба умре во 2019, но Google ја снимил пред тоа како седи во дворот и ужива на сонцето, напишала жената која на Тик Ток го поставила видеото.




Нејзиниот пост го виделе 300 000 луѓе, а потоа корисниците почнале и сами да трагаа за куќите на своите сакани кои веќе ги нема. Останале изненадени кога ги нашле на мапите.
Еден корисник останал без својот дедо кој починал од корона вирус, па го нашол како го коси тревникот пред својата куќа. Ковид ни го зеде минатата недела. Фала ти за оваа идеја, толку сум среќен што го „најдов“, напишал тој.
Коментарите продолжиле да се нижат.




Дедо ми почина пред две години. Сега ги гледав мапите и го видов на патеката пред куќата. Фала ти што го постави ова, напишал друг корисник.




Тато умре во 2017 година, а на Google се гледа како и помага на сестра ми да се всели во новата куќа, напишала една Кристина. Ја најдов мама како седи на терасата од нашата куќа во Грција. Умре во 2017 година. Бескрајно фала за ова, напишала една Кети.
Еден корисник поделил мошне трогателен статус за својот внук кој починал кога имал 5 години.




Го загубивме во 2015 година, кога имаше само пет години. А еве сега гледам на Google Earth пред куќата на мама, напишал тој.
