Да потсетиме, бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија денеска се искачи на 44.708, бидејќи во Турција загинаа повеќе од 41.000 луѓе.




Уште една добра вест доаѓа од Турција. Мустафа Авчи, кој помина 11 дена под урнатините, за прв пат го прегрна своето новороденче во болничкиот кревет.
Тој бил заробен под урнатините со уште еден маж, но за среќа полицијата успеала да ги извлече.




Веднаш бил пренесен во болница, а во петокот конечно се сретнал со својата ќерка. На фотографиите кои го обиколија светот може да се види како таткото, иако приврзан за апаратот и видно исцрпен, сепак собира сили и го бакнува и гушка своето бебе кое првпат го гледа.
Вирална стана и снимката од неговото спасување, а вниманието на многумина го привлече фактот дека веднаш по извлекувањето побарал телефон од спасувачите за да разговара со својот роднина.




“Фахри, како си брат? Добро сум, мислам дека ме носат во болница. Не сум повреден. Што прават моите родители, дали сите се безбедни”, го прашал Мустафа својот роднина.
Тој одговорил дека сите се добро и дека го чекаат.




После тоа, на видеото се гледа како Мустафа им ја бакнува раката на своите спасувачи и им се заблагодарува.
„Бог да те благослови илјада пати брате. Господ секогаш да ти помага во неволји“, рекол тогаш Мустафа.




Да потсетиме, бројот на загинатите во земјотресите во Турција и Сирија денеска се искачи на 44.708, бидејќи во Турција се регистрирани над 41.000 жртви.
Според последните податоци на Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), во земјотресите во Турција загинале 41.020 луѓе.




Директорот на АФАД, Јунус Сезер, претходно денеска пред новинарите во Анкара изјави дека операциите за пребарување и спасување во девет од 11 турски провинции завршиле.
Тој додаде дека спасувачките операции продолжуваат во Кахраманмарас, каде што бил епицентарот на земјотресот и Хатај, една од најтешко погодените провинции.




Американската агенција АП јавува дека нема индиции дека некој друг ќе биде спасен од урнатините, бидејќи во саботата од урнатата зграда во Хатај беа извлечени тројца членови на едно семејство, мајка, татко и 12-годишно момче. утрото. Момчето подоцна починало.
