Пред изборите на 15 јули мината година Зоран Заев размислувал да ја тргне Радмила Шекеринска од врвот на партијата!? Истото требало да се случи и со коалицијата со Али Ахмети. Меѓутоа, изборните резултати беа такви што мораше и Шекеринска да остане во игра и да продолжи коалицијата со Ахмети.




По изборите, се очекуваше дека есента минатата година ќе треба да биде организиран конгрес во опозициската ВМРО ДПМНЕ каде би му била изгласана (не)доверба на лидерот Христијан Мицкоски. Но бидејќи тоа не се случи, сега имаме промена на сценариото. Прво ќе има Конгрес во СДСМ, на 21 март оваа година, а потоа и Вонреден Конгрес во ВМРО ДПМНЕ.




На Конгресот на СДСМ се очекува Заев да расчисти со крилото на Шекеринска. Тоа почна со Дамјан Манчевски кој ги напушти партиските функции и ја продолжи кариерата во приватен бизнис, потоа од медиуми блиски на Заев беше туркана аферата со Лидија Димова, човек на Шекеринска, за на крај на конгресот можеби ќе дојде до процес на детронизирање на Шекеринска по повеќе од 25 години, или четвртина век, поминати во врвот на партијата.
