Сите споменици од 2014-та ќе завршат во забавен тематски пар во Ѓорче Петров. Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, на денешната пресконференција на која најави соработка помеѓу градоначалниците на општините кои гравитираат во градот Скопје, меѓудругото и формирање на една заедничка инспекција на ниво на Град Скопје.

Тој посочи дека Скопје ќе го направи како Будимпешта. Според Шилегов Градот Скопје треба да послужи со примерот на Република Унгарија која што ги дислоцираше сите споменици од времето на комунизмот на една локација, или како што вели Шилегов мементо парк во Будимпешта.

– Зошто да не ги однесеме сите споменици на едно место? – На пример тоа би можело да биде во расчистената депонија во Ѓорче. Ќе изгледа како мементо парк, што ќе можат да го посетуваат сите кои сакаат да се сеќаваат на малото диктаторче. Таков пример имаме од Унгарија, која сите споменици од комунизмот ги однесе во т.н. мементо парк, рече Шилегов.

Градоначалникот одговарајќи на прашање на Инфомакс, најави дислокација на сите споменици од проектот „Скопје 2014“ кои според неговата визија треба да завршат во забавен парк во Ѓорче Петров каде што ќе служат како потсетник на „претходниот“ режим.

Шилегов веќе најави дека заедно со галиите „ќе отпловат“ 4 споменици на кои тој не им го открива идентитетот. Тој истакна дека поради поделеноста помеѓу народот околу дали спомениците треба да се отстранат или не, отстранувањето на спомениците нема да се одвива со брзина со која би посакувал, но сепак тие ќе завршат на буништето на историјата.

„Мораме да биде внимателни, да не предизвикуваме нови поделби и револт во општеството. Треба да имаме меѓусебна почит без разлика дали некому му се допаѓа ‘Скопје 2014‘ или не. Скопје не е град како што сега изгледа центарот, ниту бил, ниту некогаш ќе биде.

Но, мора да почитуваме дека некои луѓе сакаат тоа да го гледаат и со ваков парк ќе им го овозможиме тоа. Да не бидеме брутални во отстранувањето туку да имаме еден општествен помирувачки процес“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција за заедничка инспекциска служба со скопските општини.