Таа рече и дека научниците ќе откријат нов вирус во Сибир, а појавата на овој вирус ќе биде предизвикана од глобалното затоплување. Новиот вирус ќе се ослободи и ќе се шири низ светот, а неговото ширење нема да се контролира.

Една Ванѓа која почина во 1996 година рече дека светот ќе го погодат големи поплави кои ќе уништат се, а најмногу ќе страдаат неколку азиски земји и Австралија.

Таа рече и дека научниците ќе откријат нов вирус во Сибир, а појавата на овој вирус ќе биде предизвикана од глобалното затоплување. Новиот вирус ќе се ослободи и ќе се шири низ светот, а неговото ширење нема да се контролира.

За 2022 година таа најави и недостиг на вода за пиење во светот, што ќе се случи поради загадувањето на реките и глобалниот проблем со жедта во светот. Баба Ванѓа тврдеше дека скакулците ќе ги нападнат посевите и ќе влијаат на развојот на земјоделството што ќе доведе до голем глад кој ќе биде неподнослив.

Проблеми во земјоделството ќе предизвикаат и високите температури кои ќе достигнат и до 50 Целзиусови степени. Таа, исто така, предвиде дека поларните ледени капи ќе се стопат од 2033 до 2045 година и дека нивото на океаните нагло ќе се зголеми. Меѓу понереалните пророштва за 2022 година е дека Земјата ќе биде нападната од вонземјани кои ќе заробат луѓе, но и дека популацијата на Земјата ќе се намали поради нападот на змејот.

Останува на нас да видеме дали навистина ова ќе се случи!