Што појадува, руча и вечера Доналд Трамп? Нема личен готвач, а со изборот на храна ги изненади и Американците и нутриционистите

Ќе се изненадите кога ќе дознаете што сè изеде Доналд Трамп во текот на еден ден.

Познато е дека Доналд Трамп често истакнува дека има одлично здравје. Во една прилика изјави дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави, а за резултатите од своите тестови зборувал во повеќе емисии. Откако повторно се отвори темата за неговото здравје, особено поради специфичната боја на тенот, многумина се заинтересираа и за начинот на неговата исхрана. Таа е прилично изненадувачка.

Пред сè, Доналд Трамп не е пребирлив кога станува збор за храна. За разлика од многу политичари кои имаат лични готвачи и посебни менија секој ден, Трамп ужива во брза храна како и просечен Американец. Сепак, многумина се изненадени од неговите навики во исхраната. Еве што јаде во текот на еден ден:

Го прескокнува појадокот

Во интервју од 2016 година, Трамп изјавил дека кога може — го прескокнува појадокот. Ручекот во повеќето случаи му е првиот оброк во денот, а омилен оброк му е вечерата. Кога сепак појадува, најчесто избира јајца и сланина, житарици или McDonald’s McMuffin. Никогаш не пие чај ниту кафе.

Стекот му е омилено јадење

Неговите навики во исхраната се спомнати и во книга напишана од поранешен соработник, каде се наведува дека често може да издржи 14 до 16 часа без храна. Голем љубител е на месни специјалитети, а тоа е познато со години наназад. Едно од омилените јадења му е месен ролат (meatloaf).

Не може без брза храна

Трамп речиси секојдневно јаде брза храна, вклучувајќи McDonald’s, Burger King и KFC. За вечера често нарачува од McDonald’s — два Big Mac сендвичи, два Filet-O-Fish и мал чоколаден шејк. Пицата исто така е дел од неговото мени, но не ја јаде корката. Сака хамбургери добро испечени, а како прилог најчесто користи кечап.

Не пие кафе и чај, но затоа сака диетална кока-кола уште од наутро. Според наводи од медиуми, за време на неговиот прв мандат имал и специјално копче преку кое нарачувал диетална кока-кола повеќепати во денот. Со пијалакот често јаде грицки, најмногу чипс. Исто така, наводно секогаш отвора ново пакување грицки, дури и ако во претходното има останато — поради страв од бактерии.