Како што најави по победата над Дино Прижмиќ во првото коло, Новак Ѓоковиќ го прескокна тренинг натпреварот. Поради новите пропозиции на натпреварувањето, односно поради тоа што Австралија опен оваа сезона наместо 14, трае 15 дена, Новак доби два дена одмор веќе меѓу првите два меча.
Денеска, понеделник, користеше само за лесно загревање и вежби за истегнување.
„Можеби ќе прескокнам тренинзи, можеби само ќе џогирам за да го одржам телото во форма. Минатата година не тренирав меѓу натпреварите поради повреди. Ќе видам како ќе се разбудам“, изјави Ѓоковиќ на конференцијата.
Веројатно мислеше на повредата на зглобот за која тврди дека не е сериозен проблем, но и на тоа што веќе играше четири часа во првото коло.
