ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 205/2020 за вработување на 3 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие Паркови и зеленило – Скопје за следните работни места

1. КДР0102В01061 Советник – внатрешен ревизор, Одделение за внатрешна ревизија, Сектор за внатрешна ревизија(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент) – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката Општи работни компетенции

Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок.

Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 26.759,00 денари НАПОМЕНА:

Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.