Јасмина Хопер им раскажала на своите следбеници за непријатната ситуација во која ја донела нејзината свекрва – на денот на нејзината венчавка.
Најпознатото правило кога е во прашање свадбената мода налага дека само невестата може да носи бело на нејзиниот посебен ден. Ако гостин на свадбата се појави во бело, тоа се смета за знак на непочитување на невестата и туркање во центарот на вниманието.
Ситуацијата што ја доживеала Јасмин на нејзината свадба секако не била случајна. Нејзината свекрва се појави во бел фустан кој неодоливо потсетува на венчаница и на тој начин и го расипа најважниот ден во животот.
– Мојата свекрва беше таму кога ја избирав мојата венчаница, па знаеше точно што ќе облечам. Сакав да изгледам убаво и во исто време да се чувствувам удобно, па избрав фустан од сирена со светки – ја започнала својата приказна Јасмин.
Како и секоја невеста, цел ден беше фокусирана на безброј детали, па не ни забележа дека нејзината свекрва се појави во речиси идентичен фустан.
-Прва забележа сестра ми, дури и се пошегува дека ќе и истуриме вино на комбинацијата. Мојот сопруг, типичен маж, не ни забележа дека мајка му го носи истиот фустан како мене додека не ги погледна свадбените фотографии. Тогаш не можеше да го контролира бесот – вели Јасмин.
– На свадбата сите шепотеа и озборуваа, но јас ја разбирам таквата реакција бидејќи беше навистина чудно и непријатно – продолжи таа. Поради други бројни ситуации во кои свекрвата ја понижувала, научиле да прекинат секаков контакт со неа.
– Поминаа девет месеци, а таа не ни забележа дека синот и снаата толку долго не контактирале со неа. Кога и објаснивме за што се работи, остана шокирана. Дури се обиде да се извлече со коментарот дека нејзиниот фустан воопшто не е бел – вели Јасмин.
Додека едни се на страната на младиот брачен пар, други ги критикуваа затоа што сметаат дека ова е премногу банална причина да се расправаат.
Што мислите вие дали е во право СВЕКРВАТА?
