„ Следната недела планиравме да ги посетиме моите родители во Македонија, а денес мојот сопруг ми рече дека не оди и дека треба да одам сама и да не се враќам кај него во Виена“.




Се шокирав, почнав да плачам… Не знаев зошто така одлучил, зошто ме избрка, а потоа ми кажа дека ме фатил додека му крадам.




Тоа навистина ме погоди, бидејќи тој размислува да потроши 100 евра од неговата сметка за да купи подароци за моите родители, сестра, брат и нивните деца. Страшно… затоа што кога одиме кај неговите родители и неговото семејство трошиме над 200 евра за подароци.




Навистина страшно, тој сепак зеде се што купив и ме натера да му дадам сметки за да може да ги врати подароците што ги купив. Кога се венчавме и додека бев во Македонија беше сосема друга приказна, тој се фалеше со илјадниците евра што ги заработува и троши, а сега оваа …




Уствари кога подобро размислив проблемот е од друга природа… Имено, 3 години сме во брак и уште немам родено дете, имам мали здравствени проблеми, а тој сака деца … не поради деца, туку поради социјални бенефиции за деца, а ова со Тој нашол 100 евра како изговор. ”




Сега не знам дали воопшто да се враќам кај него или да СИ ПОЧНАМ НОВ ЖИВОТ?
