Јелена Ѓоковиќ искрено за семејните односи – зборува за недоразбирањата со мајка си и ја спомнува Дијана. Нејзините зборови предизвикаа лавина од коментари.

Мајката на Јелена Ѓоковиќ не ги почитува секогаш одлуките на својата ќерка, поради што често доаѓа до судири меѓу нив.

Познато е дека Јелена Ѓоковиќ е поборник на здрав начин на исхрана – без месо и глутен, базиран на органски одгледувани намирници. Таквиот начин на исхрана го пренела и на својот сопруг Новак и на децата.

Како што открива Јелена, во нивниот дом се следи вегански начин на исхрана, иако децата имаат слобода на избор дали ќе јадат месо:

„Кај нас дома се придржуваме до веганска исхрана, но децата секогаш имаат избор. Стефан до третата година јадеше месо“, откри сопругата на најдобриот тенисер во светот. Сепак, додаде дека доаѓа до отстапки кога децата се кај баба и дедо:

„Децата често одат кај бабите и дедовците, а само еден пар многу совесно ги следи нашите насоки. Не, тоа не се моите родители (се смее). Дијана е многу чесна и навистина ги следи инструкциите што ѝ ги даваме“, откри Јелена, давајќи до знаење дека нејзината свекрва ги почитува нивните правила, додека нејзината мајка Вера неретко ги игнорира:

„Во моето детство, баба ми ми правеше крофни и кифлички, а мојата мајка сака да биде таква баба на моите деца – и тука имаме мали судири. Но, моите деца обожаваат да одат кај нив и да јадат бабините специјалитети. Особено ги сакаат кифличките со сирење.“

Јелена откри и дека, за разлика од мајка ѝ, татко ѝ решил да го следи нејзиниот животен стил и станал веган:

„Татко ми стана веган. Ослабе и многу подобро се чувствува. Мама одолева, а сега се обидува него да го врати на старо“, беше искрена Јелена во емисијата „Што сум тебе, кој сум себеси“.