Иако и двајцата имаат по триесет години, впечатокот на јавноста е дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се заедно цела вечност. Она што е вистина е дека тие се запознале на рана возраст и пораснале еден со друг, но пред да се заљубат првите љубови ги имале уште од младоста.

Јелена во времето кога сè уште беше девојче и го носеше презимето на нејзините родители, го сакаше тенисерот Иван Бјелица Гилет од Белград, кој денес има 37 години. Сепак, нивната врска не траеше долго, најмногу поради тоа што во тоа време беа исклучително млади и незрели.

Потоа го запознала Новак, а останатото е историја. Кратката романса на Јелена со тенисерот брзо падна во заборав, но името на Иван Бјелица се споменуваше во медиумите и надвор од колумните резервирани за спорт.

Пред пет години тој започна врска со Христина Поповиќ, која освен уметничка, негува и спортски дух. Тие никогаш не зборуваа јавно за својата врска, но на сите им стана јасно дека на нивната љубов и дојде крајот во 2018 година, кога актерката ги избриша нивните заеднички фотографии од својот Инстаграм профил.

Неколку месеци подоцна Христина и Иван се обидоа да и дадат втора шанса на својата љубов, но се покажа дека нема што да се помират, па секој тргна по својот пат.