Комисијата за заразни болести наредната недела ќе решава за тоа како да се заштитиме од индискиот сој кој веќе го има во стотина земји низ светот, помеќу кои и во најчестите туристички дестинации за Македонците – Грција, Црна Гора, Албанија, Хрватска. Враќањето на задолжителен тест на границите е само една можност, останатите вклучуваат вражање на почетоците на пандемијата и следење на случај по случај за да се воспостави контрола, вели за Канал 5 Д-р Злате Мехмедовиќ.

Во меѓувреме, СЗО го вклучи црвениот аларм за „делта“ сојот, предупредувајќи дека светот е во опасна фаза од пандемијата поради „распрснувањето“ на индинската варијанта.

-Во земјите со мал процент на вакцинирани повторно има ужасни сцени од преполни болници. Но, ниту една земја во светот не е целосно безбедна. „Делта“ варијантата е опасна и продолжува да еволуира и да мутира.

Детектирана е во најмалку 78 земји во светот и брзо се шири во земји и со високо и ниско ниво на имунизирани.

Носењето на маски, физичката дистанца, избегнување на гужви и добра вентилација на затворените простори се основите за да може да се спротивставиме на „делта“ сојот. Второ, светот да споделува заштитна опрема, кислород, тестови, лекови и вакцини, вели Тедрос Аданом Гебрејесус – Генерален директор на СЗО.

Спас од тешка болест поради делта сојот или евентуален смртен исход се гледа во вакцините. Без разлика на нивото на ефикасност, ниту една вакцина не гарантира оти нема да се заразите, но две дози од било која спасува од тешка болест или смрт.

Досега во земјава вакцинирани се околу 228000 граѓани, или околу 12 % од целото население. Доколку се земе бројката од 1200000 полнолетни граѓани, овој процент изнесува околу 19 %