Можеби не обрнуваме внимание на овие четири наизглед обични навики кои го рушат нашиот имунитет, без разлика колку многу го јачаме преку храна и суплементи.
Јачањето на имунитетот е многу важно и иначе, во текот на целата година, а не посебно во зима каде покрај пандемијата, имаме и низа респираторни и стомачни вируси.




На телото може да му се помогне со здрава исхрана, редовно вежбање и внесување витамини, но постојат и наизглед обични навики или дури и чувства кои го загрозуваат нашиот имунитет.
Долго седење
Отсуството на физичката активност не прави помалку отпорни, но и подолго болни доколку вирусот успее да не нападне. Едно истражување објавено во британскиот “Журнал за спортска медицина” покажало дека инфекциите на респираторниот тракт траеле 42% подолго кај луѓе кои не вежбале и имале посилни симптоми од оние кои вежбале пет пати неделно.
Постојаното чувство дека сте под стрес




Една стресна ситуација нема да направи хаос во имуниот систем, а речиси сите сите дека имаме барем по една на ден. Расправиите, некои итен рок на работа или било што слично се секојдневие во нашиот живот.
Доколку нешто на вашиот систем му донесува долгорочен стрес, може многу лошо да влијае на вашиот имунитет. Истражувањето објавено во журналот “Proceedings of the national academy of sciences” покажало дека луѓето кои имаат долгорочен стрес имаат повеќе шанси да заболат од настинка.
Земате лекови на своја рака
Посебно доколку во прашање се антибиотици, ова никогаш не би требало да го прават. Можеби е прв импулс да земете антибиотик за на “брзина” да се изборите со бактеријата, но консултирајте лекар, бидејќи ова може да биде навистина штетно. Антибиотиците ќе го намалат бројот на крвни зрнца и молекулите кои активираат протеини кои се борат против штетникот. Кога ќе заврши рундата антибиотици, имуниот систем ќе биде ослабен, плус можно е антибиотикот да се вмеша во работата на здравите бактерии кои се многу важни за целиот организам.




Осаменост
Најпрво, вие не сте виновни што се чувствувате осамено, но би требало да внимавате. Доколку сте долго осамени, едно пет годишно истражување покажало дека луѓето кои така се чувствуваат, имале повисоко ниво на хормони норепинефрин. Овој хормон го поттикнува телото да произведува бели крвни зрнца кои се “борат” против повреди или оштетувања, но истовремено го успорува делот од имуниот систем кој се бори против вируси. Повикајте пријатели на телефон, видео повик, добро изназборувајте се, и малите промени во ова чувство можат многу да помогнат.
Секако, не мора да ви го споменуваме пушењето, конзумирањето алкохол или масна храна која исто така знае значително да го ослаби вашиот имунитет.
