Познатиот актер пристигна во главниот град на Србија.




Џони Деп пристигна во Белград со приватен авион во придружба на менаџер. Познатиот актер, директно од аеродром, отиде на конференцијата, каде што ќе зборува пред претставниците на седмата сила, за новиот проект за кој пристигна во Белград.




Џони Деп пристигна во српската престолнина за промоција на новиот анимиран филм „Пафини“, кој се снима во Србија во продукција на „Архангел студио“, кој е во сопственост на актерот Милош Биковиќ, а создаден во „студио“ ( IES).




Иако ќе помине само еден ден во Белград, Џони Деп има напорен распоред. Покрај дружењето со медиумите, актерот ќе го посети студиото, а подоцна заедно со Милош Биковиќ ќе се приклучи на вечера во канцеларијата на претседателот Александар Вучиќ.




Како што се наведува, Џони Деп ќе биде сместен во претседателскиот апартман на познат хотел.

