Нејзиното признание е тешко, бидејќи 10 години страдала за својот син мислејќи дека е мртов
Мајка од Шкотска која мислела дека нејзиниот син е мртов откако исчезнал пред повеќе од една деценија, доживеала чудо кога ѝ кажале дека е жив.
Џојс Кертис веруваше дека Никола починал затоа што не го видела или слушнала од 2010 година. Последното нешто што таа знаеше е дека тој патувал со автостоп во Франција и Шпанија, додека за време на пандемијата се плашела дека се разболел и го загубил животот , пишува Дејли Мејл.
Таа веќе одамна го „тагувала“, отишла во црква, запалила свеќи за починатите, кога добила телефонски повик во кој и било кажано дека е жив и дека е во болница на југот на Франција.
„Тој ден ми заѕвони телефонот, прво беше медицинска сестра која ми кажа дека син ми е жив и е во болница во Франција, а потоа го слушнав неговиот глас, ми рече „Мамо како си, ова е твојот Никола. ”
Се тресев од возбуда. Не можев да верувам. Мислев дека е мртов поради Ковид и се што се случува. Тагував по него. Мојот син инаку беше болен, имаше проблеми со белите дробови, тешка форма на астма. Кога ми се јавија да кажат дека е жив, бев во шок. Сè што можев да направам е да плачам цел ден. Тоа ми го направи Божиќ подобар, особено откако мојот сопруг почина во јуни“, рече таа во видеото објавено на Фејсбук.
Во средината на 2000-тите, Никола го напуштил својот роден град Глазгов за да патува низ Европа откако ја изгубил работата како столар . Тој и рекол на мајка си дека автостопирал и таа верува дека некое време живеел на париските улици, дека нема каде да престојува и дека поради тоа состојбата му се влошила. Таа решила да го пријави како исчезнат во 2009 година бидејќи долго време немала слушнато за него.
Една година подоцна, Џојс го контактирала британскиот конзулат во Париз за да ја извести дека Никола е примена во болница во Франција. Таа веднаш долета да го посети со сопругот, но тоа беше последен пат да го виде во таа деценија.
„Во 2010 година добив писмо дека Никола е во болница во Франција. Дотогаш тој веќе некое време го немаше. Никогаш не ни објасни зошто не одговара, каде го поминува времето и што се случува. Веќе го пријавив како исчезнат овде во Глазгов претходната година, откако со години не се слушнав со него. Јас и мојот сопруг отидовме да го посетиме и не можам никому да му опишам како се чувствувате после толку време да видите дете за кое мислевте дека не е живо. Го вративме дома, но поради некоја причина, не знам зошто, тој едноставно исчезна повторно. Негов избор беше да замине и да го прекине контактот со сите – изјави Џојс.
Мајката потоа додава дека и било кажано дека Никола ќе биде испратен дома кога ќе закрепне, а таа го чекала дома.
„Кога бев на гости кај него во Франција, му купив чевли и други работи за да има облека за патување дома. Го чекав, но тој никогаш не дојде дома, не го ни сврте повторно бројот. Се сеќавам дека тој ден врнеше, се плашев како ќе помине летот поради невремето. Се јавив на сите аеродроми да видам дали се качил на летот, но немаше ништо. Никогаш повеќе не слушнавме ништо. Тоа беше последното што го слушнав со него до понеделник – објаснила мајката.
Џојс ја доби шокантната вест дека нејзиниот син е жив кога британскиот конзулат ја контактирал по втор пат и повторно ѝ кажал дека е примен во француска болница.
„Разговарав со него по телефон. Изгледа здраво. Го прашав: „Дали се враќаш дома Ники и тој рече „Да“. Не можам ни да замислам низ што помина. Само сакам да го донесам дома – рекла таа.
Џојс сега се подготвува да отпатува во Франција, но вели дека сè уште не сака да ги подигне надежите додека не го види синот.
