Психологот Лана Јеркандер изнела неколку фрази кои можат сериозно да го нарушат бракот и да го уништат семејството. Во овие фрази најчесто нема ништо конструктивно, се се сведува на тоа да со нив се започне некој вид расправија.




Наметнување вина: “Повторно не ги избриша нозете во ходникот”, “Повторно заборави да купиш леб”. Зборови кој кај личноста предизвика длабок срам: “Како можеше да го направиш тоа?”, “Само нечесна личност може да направи нешто такво!”.




Зборови кои целат на националноста или потеклото на саканата личност. Зборови кои го мешаат семејството во брачната расправија: “Ист си како и твојот татко!”, “Не сум јас глупа како твојата мајка” итн. Зборови кои го понижуваат машко/женското достоинство: “Оженив селанка!”, “Дебел си како свиња” итн.
Зборови кои ги нагласуваат недостатоците на саканата личност: “Можев да оженам многу подобра од тебе”, “Можеш вода да ми носиш” итн. “Ти мислиш само во своја корист”, “Премногу си себичен” итн. Зборови кои означуваат неподготвеност да се задоволат желбите на партнерот: “И што мислиш, дека после се ќе останам со тебе во брак?”, “Не ми паѓа на памет да бидам со тебе” и слично.




Фрази кои ја намалуваат важноста, споредбено со друг: “Јас ќе се снајдам и без тебе”, “Никогаш не сум те сакал, со тебе бев од сожалување, поради децата”! Фрази заз занемарување, отфрлање: “Не сакам повеќе да те видам”, “Тргни ми се од пред очи” и слично.
