НAЈНОВО: ЦЕЛОСЕН КAРAНТИН OД 15 ДЕНA НA ЦЕЛAТA ТЕРИТОТИЈA ВО МAКЕДОНИЈA – е единствено решение зa брaнот според Дaниловски:
Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на кoppoнавиpycот, но би довел до социјална и економска катастрофа.
Ќе се случи невработеност, па и глад, да не бидам патетичен, проблеми со менталното здравје, ќе се соочиме и со епидемии од друг вид.
Не смееме да дозволиме мерките да предизвикаат поголема штета од проблемот заради којшто се преземаат и затоа мораат да бидат дозирани. вели епидемиологот Д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5.
Клучот за „спас“ е во почитувањето на мерките, што мора да бидат дозирани, за да не се создадат други проблеми, додава Даниловски.
Капацитетите на boлниците ќе се прошират, ама, дали, за еден месец од сега, ако заразата се шери со исто темпо, ќе има кој да ги лекува boлните е отворено прашање, вели Даниловски.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи.
П0чинати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г)
Двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г).
