Ова 5-годишно девојче почнало да зборува на 2-годишна возраст и постепено престанало да зборува, престанало да остварува контакт со очите или било кој друг вид на комуникација. Со помош на применетата терапија за анализа на однесувањето, Коко конечно ги кажа своите први зборови, со најневиното барање… побара тост!

Ова е Коко. Таа има 5 години и е аутистична. Кога почнала да зборува на 2 години, наеднаш престанала и после 3 години молчење конечно проговорила.

Нејзината мајка Рејчел Бредфорд се сеќава:

„Тоа беше навистина магичен момент – тоа беше првото нешто што таа го кажа по три години. „Коко зборуваше на 26 месеци, но немаше повеќе од два или три збора во реченицата“, вели г-ѓа Бредфорд. Но, нејзиниот говор едноставно исчезна и таа престана дури и да одговара на сопственото име.

„Можете да видите колку е фрустрирана. Се обидовме со логопед, но последните две години беа страшни. Се гледаше колку се лути на себе“, рекла нејзината мајка и продолжила:

„Изгледаше многу задоволна од себе и скокаше наоколу и само велеше „Сакам уште тост““!