Недостигот од квалификувани работници во градинките веќе неколку години е голем проблем во Германија, иако саатницата во овој сектор е 21 евро. Причината е што вработените се многу често исцрпени и под голем притисок, поради што одат на боледување.

Покрај недостигот на квалификуван кадар, германските градинки се соочуваат и со проблемот на недостиг од сместувачки капацитети. Според податоците на синдикатот Верди, на германските градинки им недостасуваат 172.782 квалификувани работници и 383.600 места во градинките за најмладите.

Според резултатите од студијата спроведена од ДАК, 97 отсто од вработените во градинките биле погодени од недостиг на кадар, а вработените велат дека бројот на вработени е генерално премал. Исто така, голем проблем е и големиот број на отсуства на кадри, што значи дека со премалку вработени се поголем број вработени заминуваат на боледување.

Просечната бруто саатница во оваа професија е околу 21 евро, а просечната месечна плата е 3.401 евро.