Црниот петок годинава „падна“ на 26 ноември, а попустите ширум светот веќе започнаа. Од една страна, добра тактика е да се избегне огромна гужва за само еден ден, иако од друга – редиците се веќе забележливи во многу продавници.
Меѓутоа постојат кои 5 работи кои не треба да ги купувате на овој ден.




Оваа година се претпоставува „поредовно“ купување во споредба со 2020 година, кога многу луѓе купуваа онлајн.
Фактот дека повеќе Американци планираат да купуваат во физички продавници оваа година е поддржан од фактот дека 64% од нив планираат да го сторат тоа, во споредба со 51% во 2020 година. Повеќето луѓе мислат дека се е „паметен шопинг“ за време на црниот петок, бидејќи попустите се огромни, особено во САД, но не е така… Некои заклучоци, всушност, ќе ве изненадат.
5 производи кои не треба да ги купувате на црниот петок




Облеката е на прво место, верувале или не. Зошто? Најголемиот дел од попустот подразбира процент од 30%, но дека „можно е почетната сума (редовната цена) да е малку зголемена“. Дополнително, продавниците го користат овој период за „расчистување“ на дел од постоечките залихи, со цел да направат простор за претстојната сезона.
Конзолите за PlayStation5 се исто така на листата, особено оваа година, со оглед на тоа колку беше тешко да се набават. Имено, нивното производство падна, поради глобалниот недостиг на чипови. Поради сето ова, конзолите нема да бидат на некои специјални попусти во 2021 година, барем во САД, а евентуално некои артикли ќе бидат намалени за околу 10% на сметка на бојата.




Оние кои сакаат опрема за вежбање можеби ќе треба да чекаат за новогодишните попусти. Како што се посочува, тоа е период кога луѓето „носат важни животни одлуки“, а една од нив може да се однесува и на доведување во форма на телото / подобрување на здравјето. Брендовите играат токму на таа карта.
Во масовната продажба на телевизори на црниот петок, обично има некоја „рачка“. Имено, моделите кои се продаваат тој ден најчесто се застарени, па ќе треба да се заменат или поправат за неколку години.
Петтото нешто по ред што не треба да го купувате кога е црн петок е мебелот. Зошто? Ова не е нешто неопходно, задолжително, во тој момент. Сигурно имате некои „попаметни набавки“.




Здруженијата на потрошувачи повикуваат на дополнителна претпазливост при купувањето преку Интернет пред популарно наречениот „црн петок“ и зголемениот број обиди за злоупотреба на личните податоци и податоците од картичките.
