Му стигнале пари од социјална помош, државата присилно му ги земала за неплатен долг за радиодифузна такса. 61-годишниот велешанец Паун Благојевиќ го пречекал вистиски шок утрово, кога во банка отишол да си ги извади парите.

Тој дознал дека во петокот државата му исплатила социјална помош за три месеци, откако и тој и сопругата подолго време се без работа. Но, кога пробал да ги извади, видел дека присилно му се наплатени 3600 денари долг кон МРТВ. Згора на се, банката му наплатила уште 2400 денари за блокирање и одблокирање на сметката.

Благојевиќ вели дека имал долгови дадени на извршување, но се чуди зошто му се запрени од социјалната помош,кога веќе три години постои договор тоа да не се прави. Се чуди како ќе го преживее месецот, оти ова му се едиснтвените пари за егзистенција.

Благојевиќ вели дека утрово побарал одговори од институциите, но сите кревале раменици. Во разговор со неколку извршители со кои контактиравме, сите се децидни, дека од пари од социјална помош не смее присилно да се наплатуваат долгови. На тоа преку потпишан меморандум уште пред три години се согласија Владата и извршителите.

Од УЈП, преку која се наплаќаше радиодифузната такса, велат дека нивните служби во петокот ја одблокирале сметката на Пауновиќ, откако тој поднел доказ дека е примател на социјална помош. Зошто потоа банката дозволила присилна наплата, Пауновиќ не добил одговор. Во меѓувреме, додека случајот не се реши, тој ќе размислува како да ги распредели парите кои му останале на сметката.

24vesti.mk