




4 месеци , 73-годишната Ружа Пешова од Козјак ја живее казната од својот син кој одлучил да и’ ја прекине струјата . Образложение за постапката и мајчиниот грев за ваква казна Руже нема, зашто таа како мајка за синот направила се што се може.




Ни молбите ни солзите на мајката не биле доволни за синот да и’ ја пушти струјата , па Ружа живее во мрак, мака и страв, без ниту еден функционален апарат во домаќинството.




Мајката и синот живеат под ист покрив, но бушоните од мајчиниот дел се извадени и сокриени. Во обид да помогне и да ја намали родителската голгота, се вклучил и братот на Ружа, но и неговите молби завршиле во празно.




И покрај сите напори зошто на Ружа ова и се случува, од синот одговор нема, бидејќи со него не успеавме да стапиме во контакт иако и тој живее во истата куќа.




За случајот на Ружа се заинтересираа и социјалните служби и невладини организации кои се занимаваат со семејна тортура. Оттаму најавија оформување на предмет и помош за мајката повторно да добија струја.
Извор/ ТV Star
