Животот понекогаш е тежок и суров. Во тешките моменти бараме утеха од нашите сакани, но на кого се обраќаме кога се чувствуваме како да немаме никој? Не треба сами да ги надминуваме животните предизвици, нашите ангели чувари се секогаш со нас.




Необјасниво присуство
Дали некогаш сте почувствувале необјасниво присуство веднаш до вашето рамо? Многу луѓе го доживуваат, но често го игнорираат. Чувството на необјасниво присуство на ангел или духовно суштество е еден од најчестите показатели дека вашиот ангел чувар е во близина.




Постојат неколку јасни знаци кои укажуваат на ангелска близина, еве ги:
1. Пердуви
Пронаоѓањето пердуви на чудни места е јасен показател за присуството на ангели. Ангелите чувари сакаат да знаеме дека се блиски, па ни оставаат пердуви да ги најдеме, особено кога ни е тешко.




2. Облаци кои формираат прекрасни форми
Дали некогаш сте погледнале во небото и сте забележале необични, но убави облици на облаци? Ангелите чувари понекогаш комуницираат со нас преку облаците. Ако гледате облаци во форма на ангелски крилја, срца или цвеќиња, тогаш вашиот ангел е близу вас.
3. Чувство на сигурност
Ако сфатите дека сте биле во некаква опасност или непријатна ситуација, но поради некоја причина, или многу среќни околности, ништо не ви се случило, ова е показател за ангелска интервенција.




4. Виножито
Појавата на виножито, со или без дожд, е уште еден јасен показател дека вашиот ангел чувар се обидува да ви го разубави денот. Необјаснето виножито е јасен знак дека сте во сигурни раце.
5. Реакција на домашно милениче или деца
Дали некогаш сте виделе куче, мачка или дете како гледа во нешто што за вас е невидливо? Ова најверојатно значи дека има ангел во ваша близина. Децата и животните се почувствителни на присуството на ангели и духовни суштества отколку возрасните.




6. Убавина во природата
Сите ние поминуваме низ тешки периоди во животот, а нашите ангели чувари знаат за трудот што го вложуваме за да ги надминеме неволјите. Затоа тие се појавуваат или се обидуваат да го почувствуваат нивното присуство кога ни се најпотребни. Ангелите чувари понекогаш ни помагаат да ги забележиме убавите мали нешта во животот. Цвеќиња, пеперутки, вилински коњчиња (вилински) и бубамари, но и форма на срце или ангелски крилја во природата.




7. Неочекувана помош
Ангелите даваат се од себе за да ни го олеснат товарот. Ова значи испраќање помош секогаш кога ни е потребна. Ако некогаш сте се нашле во ситуација да не сте знаеле како ќе ги платите сметките, но сепак сте нашле решение, тоа се случило со помош на ангели.




8. Чувство на присуство
Чувството на присуство на духовно суштество е еден од најчестите показатели дека ангел чувар е во наша близина. Можеби чувствуваш како тој ги обви рацете околу тебе за да те утеши? Понекогаш нивните гестови едвај се забележуваат, но секако прават се што е во нивна моќ за да не утешат и расположат. И сакаат да знаеме дека се блиски.
