Исповед на момче: Сакав да ја запросам мојата девојка, заминав да купам прстен, а на пат кон дома дознав дека…

Анонимно момче од свој пријател дознал дека неговата девојка буквално спие со кој стигне на своето работно место, од механичар, продавач, па се до својот шеф.

Тој ја раскажа својата приказна за The Sun, а од нивната колумнистка побара совет како да ја надмине оваа горчлива ситуација.

Ова е неговата приказна:

Имам 28 години и личен тренер сум. Мојата девојка работи во салон за автомобили. Има 25 години и опкружена е со момци на работа, но никогаш не сум се грижел околу тоа.

Неодамна налетав на пријател чиј брат работи во истиот салон како и таа. Ми кажа дека мојата девојка има репутација, во гаражата спие со кого стигне , со механичари, продавачи, па дури и со шефот.

Ја соочив со тоа, и призна дека тоа го прави повеќе од две години. Веќе купив прстен да ја запросам и сакав, но сега тој стои на полицзта.

Се уште сме заедно, но не можам да преминам преку тоа. Повеќе не можам да и верувам.

Совет:

Не е ниту чудно што не можеш да и веруваш. Ќе мора многу да се потруди и да докаже дека се променила. Сега се наметнува прашањето, зошто така се однесувала? Каков однос има со родителите?

Мојот совет можеби и може да ти помогне, но мора да ти биде јасно дека таа има само една прилика да се докаже, го советуваше колумнистката Дидри на The Sun.