Министерството за здравство денеска информираше дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19.

Од таму велат дека тој останува дома во изолација,  се чувствува добро, а во изолација останува и неговата сопруга.

Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство,  колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.