Вечерва ширум државата се дели лебче со паричка, а само еден член од фамилијата ја има среќата да биде среќниот добитник на истата.

Речиси сите на социјалните мрежи објавуваат дека се добитници на паричката, при што во коментари следуваат честитки и желба за здравје и среќа.

Оваа пракса се користи и во фамилиите на политичарите, како и кај премиерот Зоран Заев.

На социјалните мрежи, неговата ќерка Александра Заева објави фотографија, на која јасно се гледа кој е среќникот и каде паднала паричката.

Погледнете во продолжение: