Дел од православните христијани, кои го прославуваат Божик по Грегоријанскиот календар, на 25 декември, вчера славеа Водици. Меѓу нив и Грците.




Тие Водици го прославија без традиционалното фрлање на крстот, но со отворени врати на црквите за верниците. Со превентивни мерки, држење дистанца, уште еден празник во Грција одбележан поинаку поради пандемијата, но и поради карантинот.




Иако Владата забрани црквите денеска да бидат отворени за верниците, сепак Светиот Синод на Грчката православна црква одлучи литургиите да се одржат, но под истите мерки како и за Божиќ и Нова година, односно со дозволени најмногу 25 лица во помалите и до 50 верници во големите цркви.




И овој празник во Грција беше прилагоден на околностите наметнати од пандемијата, па така осветената вода на верниците им се делеше во мали шишиња пред храмовите.
Πολυ ωραία εικονα για την προπαγάνδα του #skai_xeftiles,του ιερέα που αγιάζει τους αστυνομικούς που «εφαρμόζουν» το νόμο.😂
Η προπαγάνδα και η ξεφτίλα τους δεν έχει όριο.
Σήμερα έγινε κατάλυση της δημοκρατίας και του κράτους #ΘΕΟΦΑΝΙΑ_ΤΩΡΑ #Θεοφάνεια pic.twitter.com/a0oe7JI6QU— Marka1 (@Marka149133376) January 6, 2021
