Доколку си од Македонија, сигурно порано денот ви започнувал и завршувал со македонска народна приказна.

Токму оваа куќа е местото каде што се снимија повеќе од 150 епизоди на Македонски народни приказни, и во најголем дел ова беше куќата на чорбаџијата Ѓорѓи Колозов.

Куќата претставува конак на манастирската црква “Свети Пантелејмон”, во Горно Нерези на планината Водно, а од Скопје е оддалечена само 6 километри.

На која стара македонска приказна ви текнува кога ќе ја видите оваа куќа?