„Комунизам било, ова не било“: За Водици осамнаа транспаренти во центарот на Охрид




Водици е најзначајниот празик за Охрид. Иако годинава немаше масовно осветување на Охридското Езеро, а водосвет се вршеше во црковните храмови и дворови, за да не се напушти вековната традиција, педесетина капачи ѝ останаа верни на традицијата и се искапија во ладните езерски води.




На брегот можеше да се забележи и присуство на полицски службеници, кои неколку пати ги опоменуваа дел од присутните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19, да носат маски и да држат дистанца. На сите капачи по излегувањето од вода им беа земани податоци.
