На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како мачката не му дозволува на мало дете да се качи на балконот.

Додека детето се обидува да се качи држејќи се за железните шипки од терасата, мачката со шепа му ја отстранува раката.

После ова, детето се одалечува од мачката и пробува да се фаќа за железата од терасата, но мачката го следи и не го пушта да се качува.