Дека секоја љубовна приказна е единствена, можеби најдобро говори чудната романса на Џејд Пурвис од Шкотска.

Таа се омажила за поранешното момче на девојката со која ја изневерил нејзиниот поранешен вереник со кој била во врска 3 години!

Да, знаеме, звучи тотално збунувачки, но тоа е нејзината љубовна приказна.

На видеото што го објави на Тик Ток, таа раскажа што се случува во овој бесконечно сложен љубовен четириаголник.

Таа дознала дека свршеникот ја изневерува и дека поминал 300 километри за да ја види својата љубовница.

За да биде сè поинтересно, љубовницата преку Фејсбук испратила порака со која ја известила дека нејзиниот вереник е неверен!

Очајната Џејд размислувала како да му се одмазди на свршеникот па стапила во контакт со момчето на девојката со која ја изневерил.

Но меѓу нив се појавиле искри и оттогаш тие се неразделни. Се венчале пред 4 години.

„Тој дојде кај мене и никогаш не замина. Се венчавме пред 4 години. Мислам дека победивме “, вели таа