Долгодишната новинарка Јорданка Ивановска-Јоци и еден од највлијателните новинари на социјалните мрежи во Македонија, објави статус со кој сигурно ќе ја „здрма“ политичката сцена кај нас во државата.

Таа овојпат објави фотографија на која се гледа како Димитар Апасиев се наоѓа на протест на „Шарената револуција“.

Еве што напиша таа:

-Апасиев нека им објасни на вмровците кои го читаат дека поддржуваше и како партија беа дел од многу протести на „Шарена“, на кои претходеа студентските. И едните и другите беа под капа на сорос невладини и тој, тоа го знае. Го има на многу слики.

И он го донесе СДСМ на власт. Не може денеска да негира дека бил дел од тоа и да се расфрла со навреди кон сите со „сороспии“, не знам што.

И ти Апасиев го донесе СДСМ на власт за да менува име, а денеска, како пратеник – сакаш да се „чистиш“ од тоа и на „новата јавност“ и` продаваш прикаски за „нови македонии“, за поништување на Преспа и слично…

Впрочем, го чувме Заев во кафеана со Верушевски-јуниор – во тоа време вашата партија се изнедрила од шинелот на БЦ.

А, чуму да верува некој дека не е уште така, – пишува Јоци.