Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, на автобуска станица во Куманово им нуди превоз на патници до Скопје . Ова го регистрираше камерата на ТВ21 правејќи прилог со поранешниот директор на Службен весник.

Кумановскиот пратеник неодамна започна иницијатива да пренесува патници од Скопје до неговото место на живеење и назад, бидејќи како што рече, превозот му е платен од народни пари.

Вели дека за одење кон Скопје од Куманово имало поголем интерес да пренесува бесплатно патници со своето возило, додека во обратна насока тој бил помал.

Костовски за ТВ21 рече дека непознатите патници најмногу го прашувале кога ќе пристигнат во Македонија вакцините против Ковид-19.