Бугарскиот вицепремиер како да се подбива со македонските граѓани, коментира јавноста по последните изјави на Красимир Каракачанов.
Каракачанов кој нема “влакна на јазикот“ за бТВ рекол дека Бугарија не ги принудува Македонските граѓани да си го сменат идентитетот, обвинувајќи за тоа дека Скопје ги искривува фактите и за Цар Самоил, кој според бугарскиот политичр бил бугарски владател.




Политичарот, обраќајки се до македонските власти но и граѓани посочил дека за време на Тито сме се нарекувале Југословени и тоа е наше прво, но да не ја крадеме нивната историја.
„За време на српската окупација за време на Тито, вие себеси се нарекувавте Југословени и тоа е ваше право, но не крадете ја нашата историја“, рекол вицепремиер Карачанов-пренесуваат дел од медиумите.
Одговарајќи и на забелешката на водителката дека за Македонците Гоце Делчев е Македонец, Каракачанов рекол дека мислењето не секогаш е согласно со реалноста.




Така тој рекол: Многу Бугари сакаат да бидат Бугари, но да живеат во Калифорнија, па дали тоа автоматски ги прави Американци? Нема аргумент „Мислам“ во Меѓународното право потенцирал тој.
Меѓудругото за Македонците , посочил и дека „порано мислеа дека се наследници на Филип и Александар Велики, но Грците им рекоа„ не, не не, вие не сте нивни наследници и тие се согласија“.




Каракачанов додава и дека „Македонија се обидува да ја изнесе лагата дека Бугарија наводно се обидува да им го одземе правото на самоопределување на Македонците“.
